Транспортниот систем за руда и разни материјали за топилницата на Скопски Легури е базиран на транспортни бескрајни ленти (конвејери), комбиниран со дробење и сеење на материјалите. Технолошките барања се системот да обезбеди пренос на рудата од истоварните бункери на три локации до 60 шаржни бункери, од кои се полнат печките за топење.
Скада системот што фирмата Фидко го инсталираше, овозможува адресирање на почетната и крајната дестинација за дотур на материјалот, обезбедува прегледност на работата на конвејерите, сигурно командување и води сметка за безбедноста и правилното функционирање на системот.
Ракувачот командувањето го врши со едноставни кликнувања со маусот на мониторот од персоналниот компјутер, кој комуницира со програмибилен логички контролер.
Софтверот е конципиран така да овозможува паралелно командување и следење на процесот преку персонален компјутер и преку екранот на допир (touchscreen) на програмибилниот логички контролер.
Софтверот направен специјално за овој систем води сметка за меѓусебните зависности и блокади на конвејерите, пресипните места и дробилки. На овој начин прегледноста и надежноста на транспортниот систем е максимална.
Контролерот е снабден со преку 300 влезни и 100 излезни сигнали. wait |