- Волумен 5L - 140L
- Максимална температура 145 º C
- Притисок - max 5 bar
Генераторот за пареа е сместен надвор од стерилизационата комора со што се овозможува лесно одржување и контрола на количината на водената пареа, како и полесно користење.
Стерилизационата комора е направена од нерѓосувачки челик според DIN 14.400 стандардите со дбелина од 2,5 mm
Испустот е сместен на дното од комората со цел на собирање на водата од автоклавирањето. Во испустот е вградена пумпа за собирање.
Дотокот на вода е регулиран преку пумпа до генераторот за пареа.
Командниот контролер овозможува лесно програмирање и ракување со автоклавот. VISION 350 PLC е производ на Израелската компанија UNITRONICS и се одликува со врвен квалитет и перформанси кои се докажани низ целиот свет.
Софтеверот е дизајниран за лесна достапност и сопствено програмирање или програмирање според зададена спецификација. Се одликува со ергономски дизајн во боја, како и шематски приказ на процесот. Достапни се триесет програми за стерилизација.
Гаранција 2 години
Обезбеден сервис и резервни делови за 10 години |