Ново
Автоматизација на машина за полирање мермер - Тимот на Фидко успешно изврши автоматизирање на машина за полирање мермер во “Мермерен комбинат“ - Прилеп...

Прочитај повеќе
Полначи за акумулаторски батерии - Фирмата Фидко произведува регулирани полначи за акумулатори кои овозможуваат полнење и одржување на батериите според однапред зададена карактеристика.

Прочитај повеќе
MB-600 - Целосно автоматизирана машина за пакување на брашно...

Прочитај повеќе
SCADA систем - Тимот на Фидко ја замени старата автоматика на транспортниот систем во Скопски Легури со нова модерна автоматика, вклучувајќи и изработка на SCADA систем кој овозможува целосно управување и надгледување на процесите преку персонален компјутер...

Прочитај повеќе

Ексцентар преса за дупчење на лимови

ЦНЦ машина

Во Емо – Охрид беше направено реновирање и целосна замена на автоматиката и компјутерското програмирање на машината наречена “Trumpf”. Машината е ексцентар преса за дупчење на лимови до 6 mm со регулирано движење по две оски X и Y, во хоризонтална рамнина.

Максималната работна површина е со димензии 2000x1300 mm. Помошните движења се изведуваат со помош на хидраулична и пнеуматска опрема.

Дупчењата може да се вршат како поединечни на дадена координата или како континуирани прави линии и кружници или делови од кружници. На тој начин може да се изведат и сложени форми на континуирана линија составена од прави и кружни делови.

Во овој проект беа разработени следниве проблеми:

  • Замена на автоматика базирана на електронски модули со програмибилни логички контролери (PLC) со touch screen можност и интерфејс-модули.

  • Замена на застарен копјутерски систем за дефинирање на цртежите, кој користел дупчени картички, со нов компјутерски сисстем со имплементирана безжична комуникација меѓу машината и комјутерот и современа корисничка апликација со вграден графички едитор за векторска графика.

Автоматика за управување на линијата

поглед на ПЛЦ-то
Fidko scada plc

За управување со линијата беше вграден PLC уред од израелскиот производителот Unitronics. PLC – то е современ модел со “touch screen”, односно овозможено е задавање команди преку допир на дефинирани области од неговиот екранот. Исто така опцијата за додавање на дополнителна меморија со помош на вметнување на SD мемориска картичка, го искористивме за зголемување на капацитетот за чување на програми со предефинирани цртежи.

Комуникацијата со компјутерот се изведува само на барање и тоа се иницира од страна на компјутерот во следниве случаи:

  • При трансфер на програм за цртање до PLC –то,

  • при читање на меморијата од PLC,

  • при бришење и манипулација на програмите во меморијата на PLC уредот.



Комуникацијата ја овозможува рутер кој е поврзан безжично со компјутерот и преку ентернет кабел со PLC уредот.

Ракувачот може да избира два мода на работа и тоа автоматски и рачен. Рачниот се користи само при одредени интервенција во текот на изработката или пак за одредени подесувања и калибрирања.

При извршување ракувачот има целосен увид на редоследот на извршување на чекорите на дупчење и движење на машината.

Вклучени се и аларми за предупредување, во случај на дејствија кој би довеле до несакани последици. Истотака вклучени се превентивни механизми за оневозможување на мажината да изврши некое деструктивно дејство.

Кориснички софтвер

Софтвер за цртање

 

back to top

За да се овозможи лесно креирање на цртежи за изработка на формите, тимот од инжeњери на Фидко изработи софтвер со вграден графички едитор, модул за конвертирање на цртежот во чекори разбирливи за PLC уредот, како и модул за трансвер на истите до него.

Графичкиот едитор користи векторски начин на цртање на формите со помош на маусот преку специфични точки - јазли или со задавање на параметри за секоја форма посебно. Така на пример арката освен со цртање со маусот, може да се дефинира преку следнве параметри: почетна и крајна точка, радиус, насока на цртање, тип на арка. Можно е исто така дефинирање на прецизност на цртање, надоврзување на формите за креирање на комплексни форми и дефинирање на нивниот редослед на изработка. За секоја форма се дефинира и алат со кој ќе се изработи.

За алатите истотака може да се дефинираа тип, големина на параметрите и негова позиција.

Како што спомнавме погоре овој софтвер освен основни геометриски форми дефинирани во него може да изработува и посложени неправилни геометриски форми како комбинација на елементарните. Софтверот е направен на корисникот да му овозможи лесно и брзо исцртување на цртежите за изработка и притоа ги оневозможува можните ситуации во кои би дошло до оштетување на материјалот или машината. Затоа за него може да се каже дека е една многу корисна и рационална алатка во целиот изведен процес на изработка на форми на металните парчиња за машината "Trumpf".

  Медицинска и лабораториска опрема - Фидко започна производство на медицинска и лабораториска опрема...

Прочитај повеќе