Ново
Автоматизација на машина за полирање мермер - Тимот на Фидко успешно изврши автоматизирање на машина за полирање мермер во “Мермерен комбинат“ - Прилеп...

Прочитај повеќе
Полначи за акумулаторски батерии - Фирмата Фидко произведува регулирани полначи за акумулатори кои овозможуваат полнење и одржување на батериите според однапред зададена карактеристика.

Прочитај повеќе
MB-600 - Целосно автоматизирана машина за пакување на брашно...

Прочитај повеќе
SCADA систем - Тимот на Фидко ја замени старата автоматика на транспортниот систем во Скопски Легури со нова модерна автоматика, вклучувајќи и изработка на SCADA систем кој овозможува целосно управување и надгледување на процесите преку персонален компјутер...

Прочитај повеќе

Компјутерско управување на автоматска линија за изработка на метални сегменти за решеткасти столбови

Automation

Во текот на првата половина од 2008 година нашиот тим реализираше целосна замена на 20 години старата автоматика и компјутерско управување на автоматска линија за изработка на дупчени сегменти за решеткасти столбови во погонот ЧРС - Кичево на ЕМО-ОХРИД.
На оваа линија во целосно автоматизиран процес се изработуваат сегменти од железни L – профили од кои се составуваат решеткастите столбови за електрични далеководи и слични метални конструкции (како што е гигантскиот крст на Водно над Скопје).
Овој проект ги содржеше следните стручни проблеми :

  • Замена на стар компјутерски систем за програмирање базиран на 286 - технологија,со модерен хардвер и софтвер израбoтен со најновите Microsoft технологии, наменет за Dot Net Framework 2.0

  • Замена на автоматика базирана на електронски модули од надмината технологија со програмибилни логички контролери (PLC) и интерфејс-модули од најнова технологија

  • Галванско одвојување и логичко поврзување на командите од новата автоматика кон старата контакторска диспозиција за управување со постоечките пневматски и хидраулични извршни компоненти на системот

  • Замена на електромоторен погон изведен со мотори за еднонасочна струја и припадно управување со современ векторски управуван трофазен серво - мотор

Управување на електромоторниот погон

Electromotor drive fidko
software solution

Позиционирање на дупчените профили по хоризонталната оска се врши со помош на механичка рака монтирана на подвижна количка. Раката го држи профилот со помош на пневматска клешта. Движењето на количката овозможува транслаторно поместување на металниот профил кој се обработува во должина од 16 метри праволиниска траекторија.

За движење на количката беше вграден електромотор за еднонасочна струја со перманентни магнети за напон од 130 V и максимална електрична струја од 504 А, управуван преку тиристорски регулатор на брзина. Погонските карактеристики и динамиката на погонот беа одлични, меѓутоа големите струјни удари на тргнување и запирање предизвикуваа соодветни прегревања и оштетувања на опремата па и прегорувања на погонскиот мотор при подолготрајна употреба.

Нашето решение се состои во вградување на трофазен сервомотор од 2.2 kW и векторски драјв за негово управување. Намалувањето на моќноста на погонскиот мотор од околу 20 пати не ги влоши карактеристиките на погонот туку напротив остнаа одлични благодарение на добриот момент при тргнување на трофазниот асинхрон мотор што му го овозможува современиот векторски регулатор. АC драјвот е директно управуван од PLC, кое како повратна информација за позицијата на количката користи инкрементален енкодер.

Со ова решение се постигнува:

  • Погон на количката без струјни удари и со мала потрошувачка на енергија,

  • доверлив и робустен (отпорен на грешки) погон,

  • голема прецизност на позиционирање на количчката со максимална грешка од ±0.25 mm.

Автоматика за управување на линијата

PLC
PLC Unitronics

Нашите инжинери изработија систем за управување на линијата со PLC, надворешни I/O модули и стандардни елетро релеи и склопки како излезни единици.
Овој систем користи современи PLC-a кои се програмираат со Ladder логика како дел од светските стандарди за изработка на SCADA (Supervisory Control And Data Acquisition) системи.

Со ова постигнавме:

  • лесно надградлив систем

  • лесно одржување на автоматиката

  • систем кој поседува големи можности за надградување, што е голем бенефит за нашите клиенти и нивните дополнителни барања и желби.

Опрема

PLC-ата и модулите се стандардна опрема на еден систем за автоматска регулација.

Ние користиме опрема од израелската компанија за производство на PLC-a и I/O модули – Unitronics. Управувањето на оваа линија го изведува едно PLC и четири влезно-излезни модули.
Програмибилните логички контролери се real-time или уреди кои работат во реално време.
Тие ја изведуваат автоматската регулација на процесот за изработка на дупчени профили.
Овие PLC-а се испрограмирани од нашите инженери, во согласност со потребите за автоматско управување на линијата, рачно командување на делови од линијата и согласно сите безбедносни мерки потребни за безбедна работа на ракувачите.


Програмирање и комуникација

Програмибилните логички контролери од линијата на фирмата Unitronics обезбедуваат комуникација на PLC-ата со PC софтвер преку TCP/IP протоколот кој е стандард околу 30 години во сигурната размена на податоци. Со ова се овозможува изработка на софтвер кој може да комуницира со PLC-ата и со тоа да се визуелизира и управува целиот процес на изработка на дупчени профили преку PC.

Поради програмибилноста на овие уреди, нашите инженери можат лесно да го обезбедат сите идни барања или промени во врска со управувањето со линијата, кои може да настанат поради замена и идно осовременување на машински делови, сензори и други електрични делови од линијата.

Со ова ние обезбедуваме едно трајно и стабилно решение со долг работен век.

Кориснички софтвер

software application
Fidko Software SCADA
Фидко - Софтвер

Фидко - Софтверски реченија

back to top

Софтверскиот дел од решението е наменет, на ракувачот на машината на едноставен и ефикасен начин да му овозможи подесување на параметрите и отпочнување на процесот на изработка. Целиот процес на задавање на димензии е проследен со сликовит приказ преку цртежи. На цртежите технички се исцртува распоредот на елементите во профилот. Во софтверот е вклучена анимација која на ракувачот му прикажува кој дел од машината е активен.

Програмата овозможува неколку модови на работа и тоа автоматски, чекор по чекор како и рачен кога ракувачот самостојно извршува акции по произволен редослед. Во секој момент е овозможено запирање на процесот и негово продолжување, во случај ракувачот треба да интервенира на некој настанат механички дефект на машината.

При процесот на работа со програмата на ракувачот му е оставен мал простор за внесување параметри кои би придонеле за оштетување на хардверот на машинaта и профилот кој се изработува. Тоа е направено со оневозможување на пристап до некои команди при оделни фази, со прикажување на предупредувања и ограничување на рангот на влезните податоци, како и нивна валидација пред започнување на пресметки врз нив.

Софтверот е изработен со помош на .NET технологии во програмскиот јазик C#, во Framework 2.0. За чување на податоците се користи релациона база во Access.

За комуникација со PLC уредот во Фидко се изработи посредник кој го користи драјверот на Unitronics за комуникација преку сериска порта.

  Медицинска и лабораториска опрема - Фидко започна производство на медицинска и лабораториска опрема...

Прочитај повеќе